Деветнаесетгодишна девојка (А.Џ.) управувала со автомобилот „сеат алтеа“, со којшто вчера попладне беше прегазена жената во скопската населба Чаир којашто почина на лице место.
Според информациите од МВР, девојката што возела со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Градската болница.
Несреќата била пријавена во 18.43 часот на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош.
Засега не се знае под кои околности била предизвикана несреќата и идентитетот на жената.