Во Царинската испостава Скопје 3, на ден 01.10.2021 година бил пријавен за царинење камион со стока со трговски назив електрични тротинети XIAOMI (504 парчиња).

„Освен пријавените 504 парчиња тротинети дополнително се најдени 72 електрични тротинети кои не биле опфатени ниту во фактурата ниту во увозната декларација при што привремено се задржани како непријавена стока.

Вредноста на привремено задржаната стока изнесува 13.464,00 ЕУР (констатирана од фактура) со што се избегнати давачки во вредност од 296.528,00 ден“, соопшти Царинската управа.