Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска од терен информираше дека започнуваат активностите за проектирање и изградба на системот за наводнување на браната Лисиче.

417509133_934353584725145_6968424108258254472_n
– 26 милиони евра се обезбедени токму за овој проект, со кој би се наводнувале 3.500 хектари земјоделско земјиште од овој регион.
🇲🇰Хидросистемот Лисиче е еден од четирите системи заедно со Пепелиште, Страиште, и Коњско во кои преку Програмата за наводнување на државата инвестираме во изградба на цевководи. Ова е историски најголемиот договор во вредност од 120 милиони евра со кои ќе се наводнуваат нови 13.500 хектари земјоделско обработливо земјиште, вели Николовски.

417512909_934353721391798_1864807487172594408_n
– Нека е аирлија, ова е благодет за жителите, земјоделците, младите од овој регион, што ќе добијат нов модерен систем за наводнување, порача министерот Николовски.

417471069_934353554725148_4902429705992611130_n419039731_934353614725142_1180922899079174694_n