Во текот на вчерашниот ден на територијата на Општина Крива Паланка, полициските службеници санкционирале 41 возач поради брзо возење.

– Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на вчерашниот ден презедоа мерки и активности во рамки на засилените контроли за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената. Во периодот на реализација на акцијата на територијата на Крива Паланка санкционирани се 41 возач за управување возило со брзина поголема од дозволената, додека од сообраќај се исклучени пет возила поради други прекршоци, информира портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.

Pолициските службеници одзеле и едно возило кое не било регистрирано.

Од СВР Куманово најавија дека засилените контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, истакна Младеновска.