Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ повика на обединување околу клучните државни интереси.

„Дојде време тој современ македонски патриотизам да го кренеме на следното ниво! Тоа е македонската европска иднина! Нашиот 4-ти Илиден! Полноправна европска асоцијација која ќе биде новиот камен-темелник во македонската историја. По 903-та, по 45-та, по 91-та, европскиот столб ќе биде нашата четврта македонска република, заедничка татковина на сите кои живееме и кои бескрајно ја сакаме. Имаме врвна задача! Да си дадеме завет и да го исполниме. Како почит за нашите предци, преродбеници, револуционери, партизани. Но и како одговорност за нашите млади македонски генерации“ истакна Зечевиќ

Современиот патриотизам, дополни тој, се вредностите на македонската европеизација!

„Македонската граѓанска свест е европска. Ние физички и ментално припаѓаме кон неа. Затоа и нашето место е во Европа. Ве повикувам сите заедно да застанеме на браникот на современиот патриотизам, на браникот на горда и достоинствена европска Македонија“ повика Зечевиќ.