Големината на СДСМ е во државничките одлуки кои ги носи за сигурна македонска иднина, рече генералниот секретар Милче Зечевиќ на состанок со партиските членови и симпатизери од општината организација Кисела Вода.

– СДСМ е дел од континуитетот на македонската државност. Државничките одлуки на СДСМ се за исполнување на македонските национални стратешките цели, поставени уште од независноста, пред 31 година. Тоа е нашиот влог во иднината на македонските млади генереции, да имаат сигурна и извесна иднина дома во сопствената земја, и да бидат рамноправни со нивните млади врсници во Европската унија. Тоа е концептот за европска Македонија.рече Зечевиќ.

Генералниот секретар на СДСМ додаде дека е потребно обединување околу овој концепт за европска иднина на земјата и постигнување на национален, општествен консензус.

-Полноправно членство во ЕУ, со заштитен македонски идентитет, македонски јазик значи затворање еднаш засекогаш на сите национални прашања за македонскиот народ. Силно и одлучно, да се обединиме околу овој концепт, со заеднички сили да дојдеме до реализацијата на национална стратешка цел, рече Зечевиќ.