-Не знам што да кажам за оние кои велат дека вирусот не постои. Ситуацијата со вирусот е крајно сериозна и не би посакал никому да го помине она што јас го поминав со моето семејство, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, пратеникот Мухамед Зекири.

Граѓаните да ја сфатат сериозноста на ситуацијата со коронавирусот.

-Треба да сме благодарни што имаме лекари медицински тим кои што беспрекорно се грижат за секој пациент. Жртвуваат се од себе за да помогнат на луѓето. Мене ми е срам кога слушам луѓе кои несериозно ја сфаќаат работата. Секој што несериозно го сфаќа ова и да размисли малку дека тоа се нечии татковци, браќа, сестри кои што буквално се грижат за секој од пациентите како свое дете, изјави Зекири.