Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Македонија, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот се случил вчера во 14 часот и 7 минути, на 15 километри од Охрид, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ пишуваат дека земјотресот траел кратко, но дека го почувствувале.
„Како некој да ми го затресе каучот“, „Кратко, но моќно“, „Тоа траеше кратко, но се чувствуваше“, се само дел од коментарите на граѓаните.