Рано утрово, поточно во 3:40 часот, почувствуван е нов земјотрес во Битола, покажуваат информациите на Европско Медитеранскиот Сеизмолошки Центар (ЕМСЦ).

Станува збор за земјотрес со јачина од 2,8 степени по Рихтер, а чиј епицентар бил во соседна Грција, поточно во Лерин.

Покрај овој земјотрес, синоќа биле почувствувани и три слаби земјотреси на 18 километри од Битола, со јачина од 2,5 до 2,7 степени.