Евроамбасадорот Жбогар апелира пратениците да вложат напори , со консензус и во законска процедура да го донесат законот за јавно обвинителство.Иако тој не е услов за ЕУ, сепак ќе биде позитивен пример за промена на државата.
ВМРО ДПМНЕ не се согласува со ставот на Жбогар.
Власта во трка за обезбедување на 80 гласови. Од Министерството за правда велат дека текстот на законот ќе го достават до владата само доколку има согласност. Техничкиот премиер Оливер Спасовски е подготвен да свика владина седница во кое било време.
Собранискиот спикер Талат Џафери нема да дозволи Собранието да се претвори во театар.
Џафери вели дека роковите мора да с епочитуваат а на 12 февруари ќе ја стави на дневен ред иницијативата на ВМРО ДПМНЕ за распуштање на Собранието.
Извор: Телма