“Не гледаме каде во текстот на Законот за јавното обвинителство има амнестија” вели амбасадорот Жбогар во интервју за емисијата Агенда35 на МРТВ.
“Напротив, гледаме дека случаите на СЈО продолжуваат, а тоа нам ни е најважно.
Во оваа земја нема да има владеење на правото, ниту доверба на граѓаните во правдата, ниту доверба во политичарите се’ додека барем случаите од СЈО не добијат завршница. Законот дава токму можност одговорноста да биде воспоставена. Да, шефицата на СЈО премина да речеме на “темната страна”, ама тоа не го намалува значењето на работата на СЈО која остана недовршена и мора да се заврши”, вели Жбогар.
Амбасадорот испраќа отворени и многу јасни пораки за воспоставување на системот на казнивост, ги коментира ветувањата дека ќе биде поништен Преспанскиот договор, анализира за позицијата на Албанија како можна “закана” за македонскиот напредок, објаснува зошто не држат тезите дека одлуката за почеток на преговори ќе значи мешање во изборите и зошто таа е всушност потребна токму сега…