На 02.01.2024 во 06.25 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на ул.„Миро Барага“ во Пробиштип, патничко возило „даеву тико“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.П.(46) од с.Стрмош, пробиштипско, удрило во Л.К.(61) од Пробиштип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.К. констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.