Мајка се породи додека беше во кома, борејќи се за живот, откако се зарази со коронавирус во текот на бременоста. 28-годишната Софи Бирн од Британија не знаела дека синот Џозеф се родил, додека таа била на вентилатор, пренесува „The Echo“.

Софи, мајка на Вилијам (8) и Амелија (5), откако се заразила со вирусот поминала девет недели во болница.

Тим од женската болница во Ливерпул бил повикан за да ја породат 11 недели порано, додека таа сè уште била во кома. Семејството на Софи било предупредено дека можеби нема да преживее.

„ Персоналот во Кралското семејство го информираше моето семејство дека можеби нема да го преживеам породувањето затоа што бев многу слаба. Му дозволија на таткото на Џозеф да влезе и да ме види мене, но не и моите родители поради ризикот од Ковид“ раскажува таа.

Џозеф е роден здрав и покрај тоа што бил 11 недели порано роден и бил префрлен во неонатално одделение, додека Софи ставена на вентилатор продолжила да се бори со коронавирусот.

Софи сега продолжува да се опоравува од вирусот дома бидејќи се заразила со пневмонија како компликација на нејзината болест.

„Морав да научам повторно да одам затоа што бев во кревет толку долго. И морав повторно да научам да јадам откако направив трахеотомија. Беше тешко и има долг пат напред“ вели Софи.

Таа првпат го држела во раце на 4 октомври, а во септември првпат го видела преку FaceTime.

Софи сака да ја подигне свеста за сериозноста на заразувањето по коронавирус и потребата од вакцинација.