Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи, во денешното гостување во “Отворено студио” на 24 телевизија, со став дека е неопходно да се одржат избори што поскоро за да се избегнат евентуални дополнителни комплицирања на состојбата со коронавирусот со оглед на фактот дека никој не знае кога ќе заврши пандемијата, односно некои предвидувања велат дека пандемијата може да трае и неколку години, а ние мораме да избереме функционални институции.

“Можеби има дилеми и се поставуваат прашања зошто сега зборуваме за избори. Ние сме обврзани, си течат роковите сакале ние или не. Ние не можеме вечно да одиме со вонредна состојба, не можеме вечно да имаме преговори, вечно да имаме одложување, вечно да имаме техничка влада. Техничката влада е создадена со еден и единствен мандат да организира фер и демократски избори.

Секое одложување ќе нè одведе во правец којшто не го посакуваме, а тоа е на пример да продолжиме да гледаме ‘рвање со МВР, битки во самото МВР и сл. Немам никакви дилеми за тоа како ќе биде организиран изборниот процес. Ние мораме да се навикнеме да живееме со коронавирусот, тој нема да исчезне брзо, може да трае и три до четири години. Во таа нова нормалност спаѓа и организирањето избори. Само во месец јуни имаме четири земји коишто одат на избори, а во јули покрај Хрватска, една Шпанија оди на регионални избори. Кампањата ќе ја водиме преку интернет, нема да има митинзи, нема потреба од митинзи. Ќе направиме сè за да го направиме истото она што беше направено и сега кога започнаа првачињата да се запишуваат. Забележавте ли дека немаше ниту една критика ниту од новинар, ниту од родител, ниту од опозицијата? Тоа е така затоа што протоколот беше запазен. Тврдам дека ние ќе имаме организирано 100% безбедни избори каде целата процедура ќе трае од две до три минути. Не треба да се создава фама. Ако бројките бидат лоши секако дека нема да одиме на избори по секоја цена” – истакна Жерновски.