Што да прави лидерот на СДСМ Зоран Заев кога има политички противник кој не сака да оди на избори. Не може да чекаме да порасне рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ па да одиме на избори, порача Андреј Жерновски заменик министер за надворешни работи во вечерашното гостување во емисијата „200“ на ТВ Алсат.

Тој потенцираше дека ова е прв пат во историјата на плурализмот во земјава лидер на партија да бега од изборниот процес.

Како може да се зборува за одговорнот кога Мицкоски не настапува како носител на ниту една изборна единица. Нема изборна единица каде тој ќе победи. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде казнето за улогата во пандемијата за разлика од однесувањето на опозоциите во сите други земји, истакна Жерновски.

Ќе биде казнето затоа што лидерот на партијата не ги почитува мерките, затоа што членови на Владата блокираат проект од Светска Банка вреден 90 милиони за борба против Ковид само затоа што тоа е наредба од партијата…- појасни Жерновски.