„Преспанскиот договор е причината зошто се деблокира евроинтеграцискиот процес. Ние само до пред 2,5 години бевме една заглавена земја која што немаше никаква перспектива, ниту во ЕУ ниту во НАТО, со крајно влошени односи со своите соседи. Преспанскиот договор ги отвори овие врати и денеска имаме навистина еден свечен ден. Денеска е празник, историски момент, денеска се крена знамето на НАТО пред Собранието на Р.Северна Македонија, всушност се крена целата магла која што беше околу нашата земја од самото постоење на нашата земја“, истакна заменик-министерот за надворешни, Жерновски, во неговото гостување на „Топ тема“ на ТВ Телма, коментирајќи ја денешната ратификација на Протоколот за членство во НАТО во Собранието на Република Севрна Македонија.
„Денес ја внесуваме земјата во побезбедни води, нашите идни генерации ќе имаат многу посигурна иднина“, рече Жерновски, предупредувајќи дека загрозувањето на Преспанскиот договор е загрозување на иднината во Брисел, и во НАТО и во ЕУ. „Загрозувањето на Преспанскиот договор ќе значи загрозување на тоа што денеска го имаме, на иднината наша во Брисел, под Брисел подразбирам и ЕУ и НАТО, така што останува сите партиципиенти на политичката сцена да го разберат сето ова, за одговорноста што ја носиме, за одговорноста што ја има и власта и опозицијата. Денеска сум горд што после само 2,5 години ова што го направи Владата е навистина огромен успех“, оцени вториот човек на МНР, Жерновски.