„Жито маркети“ како општествено одговорна компанија донираше 1.000.000 денари на Министерството за здравство.

Паричните средства, информраат од менаџментот на „Жито маркети“, се префрлени на посебната наменска сметка на Министерството за здравство, а се наменети за справување со заканата по јавното здравје произлезена од пандемијата со вирусот Ковид-19.

Од „Жито маркети“ посочуваат дека целта на оваа донација е да се помогнат здравствените работници за поефикасно и побрзо да се изборат со оваа ситуација.

Компанијата претходно изврши и предвремено плаќање на обврските кон државата за 2020 година.

„Жито маркети“ заедно со „Супер 5ка“ и „Фруит ленд“, исто така најавуваат и нова донација за Општата болница во Велес во вид на заштитна опрема и средства за медицинскиот персонал.