Политичкиот аналитичар Љупчо Зиков делумно се согласува дека ДУИ е причина за лошото однесување во законодавниот дом.

-Ако го земеме контекст последното, меѓутоа не може анализата да се прави само на ДУИ. Не сме цвеќиња и другите партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, помалите партии, не се имуни на екцеси. Мислам дека подолг период наназад во власта на Заев и Ковачевски, ВМРО-ДПМНЕ прави амбиент на постојано провокации и методи кои се служеа во 90-тите години. Провокации вчера имаше и од таа страна, не можеме да кажеме Адеми бил нервозен, иако неговото однесување е под секое ниво. Мислам дека треба да се утврди тука одговорноста, морална и политичка и секој треба да сноси последици во тоа што учествувал, вели Зиков.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ провоцира со „креативното блокирање“.

-Ако ова е креативно, тогаш не знам што е деструктивно. Како да сакаат да направат егал со настаните од 27-ми април, како сакаат да испровоцираат пожесток судир во Собранието, за да биде виновна сега коалицијата СДСМ-ДУИ. Крајната цела веројатно би била да се ослободат луѓето кои што лежат во затвор за 27-ми април, рече Зиков во емисијата „Само вистина“.