Аналитичарот Љупчо Зиков, во вечерашното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија со став дека лидерот на опозицијата Мицкоски во оваа криза не покажал државнички капацитет и дека стратегијата за одржување избори наесен била добра стратегија за партијата ВМРО-ДПМНЕ, но лоша за целата држава.

“Паметниот попушта и попуштено е! Попуштено му е на Мицкоски од аспект дека неговата трговија со датумите периодов наназад буквално беше трговија на Кванташи пазар. Неговата стратегија беше колку може повеќе да се одолговлечат изборите и тој пред месец дена лицитираше со три датуми кон крајот на август и почетокот на септември. Ако се гледа од тој аспект, не мислам дека му е исполнета стратегијата на Мицкоски, тој сметаше на долго, топло лето да ја задржи техничката влада во која има еден министер и има неколку кајли во Владата кои треба да прават проблем, дека нема да може таа помош која Владата ја концепираше како пакети со економска помош да се реализира како што треба, економијата во третиот квартал секогаш и во нормални услови покажува послаби резултати бидејќи фабриките не работат, а луѓето се на одмор. Таа беше стратегијата помогната од некои стопански комори и полови на моќ надвор од партијата и ако се наместеа картите да има повеќе заболени или нов бран на коронавирус, како што е случи и му оди во прилог, тој евентуално ќе играше со рејтингот на партијата, не толку со неговиот рејтинг и рејтингот на ВМРО-ДПНЕ, туку со разочарувањето на граѓаните во СДСМ. Меѓутоа, таа стратегија беше добра само за партијата ВМРО-ДПМНЕ, таа стратегија не беше добра за државата. Тука Мицкоски покажа мала количина на државнички однос кон проблемот, кон моментот во кој се наоѓа државата и кон блиската иднина на Македонија бидејќи борбата со коронавирусот воопшто не е завршена” – истакна Зиков.