Речиси 20 тони злато вредно милијарда долари лоцирала канадаската фирма Медголд Ресурс на тромеѓето помегу Србија-Македонија и Бугарија, објави истражувачката компанија на својата службена страница, а пренесе ТВ Стар.
Ако златоносното подрачје е тромеѓето, тоа географски значи дека во Македонија станува збор за селата Луке, Трново и Подржи Коњ.

Дали ова подрачје како златоносно на науката и било познато досега?

„Тоа е место некаде западно од постојниот рудник Тораница,значи Девебаир границата каде што е горе ,западно кога ќе тргнете накај кумановечкиот , значи од паланечкиот дел до кумановечкиот дел и тоа се вика едно наоѓалиште Луќе“ изјави Тодор Серафимовски, универзитетски професор.
Според информацијата која ја пренесоа голем број балкански медиуми, истражувањата покажале просечни 3 грами злато на тон земја, а на еден слој од 40 метри Канаѓаните утврдиле 8,3 грами злато и дури 193 грами сребро.
„Во принцип сите параметри може да бидат нормални во пракса , но се работи за колкави количини може да има.Содржината може да биде и три грама на тон ,тоа е многу големо количество ,но сето тоа треба да се поткрепи со детални геолошки истражувања , ова се сега за сега само индикации и знаете мислам дека овде има уште популизам ,да покажеме што имаме ,а многу досега од такви прогнози не се реализирале“изјави Николајчо Николов, прет. на Асоцијација на рударство.

Кога би започнала експлоатацијата на вредните метали информации нема исто како и прецизни податоци колку од богатиот дел руда е на територијата на Македонија.

Нешто кое е најважно е дали нашата земја ќе го најде својот интерес во евентуална заедничка експлоатација.

Видео прилогот погледнете го на следниов линк