Јанушев, денес дошол во Крива Паланка и Пробиштип и се затворил во штабот како глушец во дупка и пред камера најавува некакви проекти. Не е дека Јанушев не сака да се слика пред луѓето и да вади слики со граѓани за да покаже дека има поддршка. Не е дека Јанушев сака од дупка како глувче да се снима. Секако дека да имаше шанса, прво меѓу граѓаните ќе излезеше. Секако дека вчера изјавија дека ќе бидат на терен меѓу народот. Секако вчера покажаа дека нема да почитуваат мерки.
Прашајте го Јанушев зошто се крие во дупката, нема да ви каже сигурно. Затоа, ние ќе ви кажеме.
Јанушев знае дека нема лице да излезе пред нас, Јанушев знае дека не може да вети ништо реално, бидејќи влече корења од една режимска власт што 11 години правеше , пустошеше, уништуваше. Знае Јанушев дека за 11 години кон овие градови во Источна Македонија не се заврте, знае Јанушев дека ние граѓаните од Истокот 11 години бевме третирани како граѓани од втор, од трет ред. Знае Јанушев и каква кошула носи и колку плата им даваше на тие што ја шиеја за време на нивната режимска власт . Знае се Јанушев и нема храброст да отиде меѓу граѓаните во Крива Паланка. Знае Јанушев дека граѓаните од Истокот не ги сакаат истите режимски лица. Знае Јанушев дека некој од неговите го наместил да се движи низ Истокот , меѓу граѓаните кои нема храброст во очи да погледне.

Емил Јорданов