Во првиот круг од локалните избори на 17 октомври, опозициската ВМРО-ДПМНЕ во општините кои се во Изборната единица три, во првиот круг освои градоначалници во Велес, Штип, Свети Николе, Виница, Илинден, Кратово, Петровец, Карбинци, Градско и Зрновци, додека владејачката СДСМ во Крива Паланка, Делчево и Берово.
На прв поглед, ВМРО-ДПМНЕ може да се гледа себе си како победник во првиот круг. Но што покажуваат анализите и бројките за општините каде партиите ќе се борат во втор круг?
ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг води во три, додека СДСМ има водство во шест општини. Интересен е фактор што и во тие општини каде има водство опозициската партија, сепак вкупниот број на гласачи кои припаѓаат на владејачката коалиција (СДСМ/ЛДП/ДОМ) е далеку поголем од опозицискиот. Што пак значи дека СДСМ има огромни шанси во вториот круг да ги освои осумте општини каде ќе се натпреварува со ВМРО-ДПМНЕ а во деветтата општина, односно во Чашка исто така влегува во трка како првопласирана, но таму како противкандидат го има ДУИ.