Драги пријатели и пријателки, не можам на сите поединечно да ви одговорам, па еве на ФБ.
Кривичната пријава кон Апасиев е поднесена во јули месец, преку Хелсиншкиот комитет за сторено кривично дело: Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост Член 319 став 1 од Кривичниот Законик, а во врска со неговиот статус во кој ме тагира и вели:
„ Поздрав до мојата колешка, атисемитска муџахединка Mersiha Smailovic од СДС- клеропатријахална“ и во продолжение на објавата следела фотографија со текст „гласам за секуларна држава“ со што првичниот текст предизвикал омраза и раздор и предизвикал нетрпеливост кон припадниците на муслиманската вера во Македонија. Со овој пост се распалуваат и подгреваат чувства на непризнавање,  нетолеранција, упатување навреди омаловажување но и бројни пораки од неговите приврзаници.
Денес тој немаше одговор на ова обвинување, туку рече дека на видеото на мојот фб профил го навредувале него и семејството. Дури и јас имам ниво на комуникација која ја толерирам, па така сите вулграните пораки, навреди кон неговото семејство и недолични коментари ги бришев.
Дури и видеото со коментари е уште достапно, и може да се види дека коментарите со подршка на Апасиев ги оставив.
Апасиев е Лидер на политичка партија, Пратеник во Сообрание, тој од таа позиција навредува и и се заканува на граѓанска активистка.
Јас подржувам слобода на говор, но омалуважување, навреда, клевета и закана, тоа не, и треба судските органите КОНЕЧНО да го санкцонираат ваквиот говор, од кого и да доаѓа.
ви благодарам на сите за поддршката.
ФБ статус на Мерсиха Смаиловиќ

 

Драги пријатели и пријателки, не можам на сите поединечно да ви одговорам, па еве на ФБ. Кривичната пријава кон Апасиев…

Gepostet von Mersiha Smailovic am Mittwoch, 16. September 2020