Граѓаните се солидарни, па на несолидарното ВМРО-ДПМНЕ му оставаат гратис простор од четири години да направи исчекор и да си помогне прво себеси, а со тоа и на целиот македонски народ.

Граѓаните му оставаат на ВМРО-ДПМНЕ доволно простор за да направат некои работи кои не успеале да ги направат досега, како на пример:

На Мицкоски конечно да му текне дали го познава Кичеец.

Силјановска-Давкова конечно да одлучи дали ја претставува ВМРО-ДПМНЕ или некоја друга партија.

Дурловски малку повнимателно да ја разгледа картата на Македонија.

Јанушев да прочита некое четиво за родова еднаквост и ненасилство.

Александар Николоски наместо да се бави со земјоделство во ИЕ 4, да направи план за решавање на дивоградбите во Охрид.

Мицкоски да ја спаси прво својата партија од пропаст, а потоа да влезе во улога на спасител на нацијата.

ВМРО-ДПМНЕ да смени смисла на хумор, британскиот дефинитивно не им лежи.

Мицкоски да излезе од сенката на Груевски и конечно да се постави како лидер, да преземе одговорност и да се појави на некоја кандидатска листа.

Тогаш кога ВМРО-ДПМНЕ искрено ќе се израдува на членството во НАТО и прогресот на патот кон ЕУ и кога ќе смогне сили на целиот македонски народ да му се извини за “27 април”, за “Скопје 2014”, за сите криминали, малверзации, изборни нерегуларности, полициска бруталност, диктирани пресуди, монтирани случаи…ете тогаш борбата ќе биде рамноправна и ќе бидат конкурент за преземање власт.

Во моментов, битката на ова ВМРО-ДПМНЕ е завршена уште пред да започне!