Како се ближи датумот на распуштање на Собранието и распишување на предвремените избори, така реториката помеѓу двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се повеќе се заострува.
Денеска, пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец, на прес конференција ги обвини Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека подготвуваат терен за непризнавање на изборниот резултат.
– Прочитани се намерите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Со злоупотреби на техничките функции и однесување надвор од мандатите што им се законски пропишани, ВМРО-ДПМНЕ сака да ги оневозможи граѓаните да ги остваруваат своите уставно загарантирани права за време на техничката влада, чија основна функција е организирање на слободни, фер и демократски избори. На тој начин Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ подготвуваат терен за непризнавање на изборниот резултат, соочени со релноста дека ќе ги загубат изборите. Прочитани се и затоа се во голема паника. Нивното сценарио им е провидно, предлагаат осомничени и кадри со обвиненија, шират лажни вести и измислуваат непостоечки случаи. Не нудат ништо освен обнова на режимот, одбрана на крминалот, истакна Локвенец.