1. Има ли друга партија во светот која е убедена дека ВОДИ НА АНКЕТИ (како таа на “Маркет вижн” што членството на опозицијата со задоволство ја споделува) ама НЕ САКА да оди на избори?

Друга анкета пак чија релевантност нема да ја коментираме, ама исто така еуфорично споделувана, вели:

2. Дали истава агенција предвиде ВОДСТВО и на Гордана Силјаноска-Давкова за претседателските избори во 2019 година, па имаат трауми од 2019 година и затоа не сакаат на избори?

3. Има ли друга партија во светот која БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ избори, а кога ќе ги добие не сака да оди на избори?

4. Лидерот Мицкоски во ТВ интервју на 24 ТВ изјави дека анкетата која ја спровела партијата ВМРО-ДПМНЕ покажала ДВОЦИФРЕНО ВОДСТВО во број на пратеници во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Кој друг на негово место со таква разлика не би одел на брзи избори?5. Дали грижата за здравјето на граѓаните се изразува преку политика на НЕКАЗНУВАЊЕ од страна на МВР на кршењето на мерките пропишани со цел заштита на здравјето на граѓаните?

6. Што презеде министерот за внатрешни работи за време на ЛИТИЈАТА во СТРУГА?7. Каква оставка бара Јанушев од Заев, поточно од која ПОЗИЦИЈА? Нели е малку  неолигично да бараат оставка од човек кој во моментов не е носител на државна функција или стравот е толку голем?!

И едно бонус прашање:

* Дали Мицкоски се обиде да ја заобиколи вистината кога во август 2019 година се изјасни дека неговите контакти со Кичеец се резултат на чиста имагинација на Заев и кога Мицкоски ќе се одважи на јавноста да и даде јасен и прецизен одговор дали соработувал со КИЧЕЕЦ и во врска со што?