Мора заедно да работиме на искоренување на корупцијата која ја поткопува демократијата и квалитетот на животот. Економската цена за овој феномен согласно статистиките на ОН е дека секоја година еден трилион долари се даваат на мито, а 2,3 трилиони се укаредни годишно преку корупцијата што е 5 проценти од глобалниот БДП.
Ова го истакна в.д. амбасадорката на САД, Џенифер Џ.Р. Литлџон на денешната онлајн панел дискусија на тема, Обединети во борбата против корупцијата, организирана од Амбасадата на САД по повод 9 декември, Меѓународниот ден за борба против корупција.
-Нема лесни решенија, против различни типови на корупциуја или подложност на корупција бараат разлини пристапи. Работејќи заедно ние може да и се спроивставиме на корупцијата и да помогнеме во промоција на идната стабилност и просперитет. Борбата бара и детерминираност и вклученост на граѓаните од сите сфери во општетството. Во овој напор граѓаните, организациите на граѓанското општество, медиумите и едукаторите се исто така важни како и институците кои го спроведуваат законот, судството и политичарите. Мора да бидеме обединети против корупцијата. Како ваш парнер и НАТО сојузник ние веруваме дека Северна Македонија ќе ги реализира своите цели ако секој граѓанин придонесе и ја има моќта да бара промени, рече в.д. амбасадорката Литлџон.
Вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на форумот истакна дека неговата канцеларија не претставува паралелен систем на постојните институции, туку е линк кој ќе ги олесни процесите за кои граѓаните очекуваат резултати во борбата против корупцијата вклучително и во справувањето со пандемијата. Нивниот фокус е рече, на она што значи етичко однесување и јакнење на интегритетот на институциите.
-Многу работа треба да ги промениме околностите и да ги увериме граѓаните дека може да има ред, поредок и функционирање на институциите, како што очекуваат граѓаните, а при тоа да има одговорност за секој еден. Го промовираме етичкото однесување, затоа го донесовме новиот кодекс кој многу попрецизно ги утврдува санкциите се применуваат во случај на прекршување на однесувањето и веќе во првите 100 дена имаме повеќе случаи на имплементацијата на одредбите кои санкционираат. неетичко однесување без оглед за кого и да станува збор сите се еднакво третирани. Ние сме тука да побараме политичка одговорност за сите кои се однесуваат неетички или неодговорно, но и да ги имплементираме сите овие препораки кои ги добиваме од инсистуциите со цел да го унапредиме системот. Работиме и на намалување на дискреционите овластувања со што помагаме на државата, на ДКСК и сите кои работат во оваа област, рече Николовски.
Само со чесна работа, додава тој може да ги промениме институциите, навиките и да го сузбиеме ова зло, и да придонесеме во демотивирање на луѓето, бизнисите да влегуваат во коруптивни работи, а половина од борбата против корупцијата е вели и високата транспарентност, што е определба на Владата. Тој се осврна и на заглавените предмети на восока корупција, чиј судски епилог е посебно, вели, во интерес на јавноста.
-Треба да се запрашаме каде се заглавени предметите на висока корупција, зошто се заглавени рошиштата, зошто се доведуваат пријави до институциите на извршната власт со застарување и сл. Јас нема да прифатам и не сум од таа генерација која ќе прифати да се фалиме со случаи преку кои што генерализираме дека работиме системски на работата. Треба многу работа, многу чесност, посветеност, стручност и спремност да испорачаме до крај правда, и да ги имаме предвид очекувањата на граѓаните а тие се насочени кон крупните случаи за кои треба да покажеме подготвеност дека без оглед за кого станува збор, а знаеме колку случаи се отворија преку сите обвинителства вклучително и преку СЈО, но на крај немаше епилог. Затоа, велам дека сме тука во секој еден случај да помогнеме да ги јакнеме капацитетите на институциите кои што се независни, да ги јакнеме регулаторните тела, капацитетите на истражните центри на обвинителставта, да ги поврземе институциите меѓу себе. Затоа што она што јас го имам како претстава во изминатите 100 дена е дека буквално институциите го губат времето во чекање на дописи и документи од други инстуитуции. Бадијала е ако ги имаме сите случаи предвид како пријавени, ако не ги обезбедиме сите механизми да имаме брза и ефикасна разрешница на сите случаи поврзани со корупцијата, рече Николовски.
Според регионалниот советник за борба против корупција на УНОДЦ, Вирџинија де Абахо Маркес за справување со корупцијата во услови на пандемија, рече корупцијата може да влијае и врз многу прашања околу безбедноста на вакцините, на нивното производството и дистрибуција, за што предупреди и ИНТЕРПОЛ дека организираниот криминал веќе прави планови како да се инфилтритра во синџирите на дистрибуција што може да биде ризично за животот на луѓето.
-Што се однесува до набавките препоралуваме отворени договори за јавноста да се запознае со сите информации за тоа кој купува, што купува, од кого, колку чини тоа по која цена, да се знае кој стои зад која компанија. ЕУ подготви многу корисен водич за тоа како да се поставува во време на итни потреби, рече Де Абахо Маркес.
Директорката на Секторот за стратешки операции на Мрежата за истрага на финансиски криминал – ФинЦен при Министерство за финансии на САД, Аналу Тирол со своето 15-годишно искуство во борба против корупцијата подвлекува дека за постигнување резултати клучни се две работи – заштита на институционалната култура и одржување силни врски со институциите кои го спроведуваат законот. Тоа, според неа, навистина им помага на специјализираните обвинителства да работат слободно, без влијанија и во интерес на граѓаните.
Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска запрашана во врска со примената на Законот за заштита на укажувачи, изјави дека од формирањето во февруари 2019 г. досега до Антикорупциска се поднесени 24 пријави и Комисијата постапила по секоја од нив.
-По сите пријави Комисијата има постапено и има доставено две иницијативи до Владата за разрешување директор на ЈП за стопанисување со спортски објекти, како и за разрешување и раскинуваање договор за земање под закуп објекти во државна сопственост од страна на советник за спорт на премиерот. Исто така поднесовме и кривична пријава до ЈО која се однесува на директорот на ЈП за стопнисување со објекти од спортот. Поднесовме и иницијатива до Министерството за култура за преземање на мерки и активности против в.д. директор на една културна установа, кој остапувал незаконски и очекува Министерството во најскоро време да извести за презмените постапки, рече Ивановска.