За Мицкоски НЕ Е ВРЕМЕ да даде исказ во полициска станица за случајот “Боемска”.

За Дурловски НЕ Е ВРЕМЕ да се појави на дебата и да се соочи со политичките опоненти.

За Чулев НЕ Е ВРЕМЕ да престане да ги третира службените возила како приватни за да си тера кампања и да се појавува на партиски собири.

За Силјановска-Давкова НЕ Е ВРЕМЕ да започне да одговара на новинарски прашања.

За Славевски НЕ Е ВРЕМЕ во ТВ дебата да одговори како денес е ПРОТИВ, а веќе утре е ЗА покачување на минималната плата.

ИСТОТО ТОА ВМРО-ДПМНЕ:

За Јанушев СЕГА Е ВИСТИНСКО ВРЕМЕ за отворање на рудници.

За Силјановска-Давкова СЕГА Е ВИСТИНСКО ВРЕМЕ да се обиде вината за сè што не чини во образование да се обиде да ја префрли на СДСМ, а партијата која ја претставува го уништи образованиот систем отворајќи факултет на секое ќоше.

За Мицкоски СЕГА Е ВИСТИНСКО ВРЕМЕ да стане премиер и само тоа е важно!

За ВМРО-ДПМНЕ СЕГА Е ВИСТИНСКО ВРЕМЕ преку “Обнова” да спроведат сè што остана неспроведено од “Преродбата”.

КРАЈНО ВРЕМЕ е ВМРО-ДПМНЕ да сфатат дека постојат заради граѓаните, зависат од волјата на граѓаните, ги гласаат или не ги гласаат граѓаните, се појавуваат во дебати заради граѓаните, одговараат за своите постапки пред институциите, односно пред граѓаните, кога злоупотребуваат државни ресурси ги злоупотребуваат парите на граѓаните, кога промовираат ароганција и самоволие го трошат трпението на граѓаните, кога активираат рудници одат директно против волјата на граѓаните!

На крајот на денот, граѓаните го носат последниот суд кој е искрен, а за кого е ВИСТИНСКО ВРЕМЕ неповратно да замине на буништето на историјата!