Мицкоски во обид да купи време за да членството на ВМРО-ДПМНЕ, подзаборави дека тој како претседател на партијата, шпицен кандидат и шеф на изборниот штаб, доживеа пораз на изборите.

Во тој обид, Мицкоски измислува разно-разни приказни околу доделувањето на мандатот од страна на претседателот Пендаровски.

Заев, денеска го доби мандатот на ист начин како што и Груевски го добиваше од 2006-та до 2016-та. Тогаш на Мицкоски како близок соработник на Груевски, не му пречеше, но сега како прв опозиционер бара “игла во сеното”.

Вистаната е таа. Се друго е театар пред јавноста од страна на Мицкоски, со цел да си ја спаси фотељата во партијата.