Бројот на потврдени случаи во светот во претходните 24 часа е поголем од 338.000, а вкупниот број на лица кои страдаат од Ковид-19 е 111,1 милиони, покажуваат вечерашните податоци на Светската здравствена организација (СЗО).

Бројот на починати во изминатото деноноќие се зголеми за повеќе од 7.500, надминувајќи 2,46 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Повеќе од половина од заразените се во Северна и Јужна Америка (169.352), 102.325 во Европа и 27.040 во Југоисточна Азија.