На Кичевскиот конгрес 1995 година ВМРО ДПМНЕ донесе одлука да имаме континуитет со делувањето со историското ВМРО. И неместо кичевскиот конгрес да е втор конгрес тој стана 10-ти конгрес на партијата. Иако многумина сметаат дека тоа беше предлог на Доста Димовска, сепак тоа беше идеа на Борис Змејковски. Така партијата ги презема на себе сите контраверзи што се врзуваа за бугарското влијание во историското ВМРО.

Ова во интервјуто во емисијата Во Центар го кажува Филип Петровски.

Денес Красимир Каракачанов има директни контакти со луѓе од врвот на партијата, вели Петровски. Меѓународната заедница не гледа со големи симпатии на тоа. Напротив постојано ни испраќа сигнали за постоење на проруско и просрпско влијание во партијата. Многу лесно може да се случи партијата да се соочи со меѓународни санкции поради тоа, вели тој.

Мицкоски не направи ништо да расчисти со тие структури во партијата. Тие се сега главни. Добиваат функции и се продаваат за една пура, вели тој.

Јас го измислив Дувло со цел да им парираме на Сорос и СДСМ. Тоа му го предложив на Мартин Протуѓер и тој го прифати тоа. Потоа имав средба и со Груевски. Делуваше исплашен од бомбите. Но Дувло сега има функција да ги денунцира сите противници на Мицкоски и на тоа се трошат огромни пари. Тоа е центарот за лаги и пропаганда, вели Петровски.

Ако не се сопрат лошите процеси тогаш дел од нашето членство ќе премине во Левица, оценува Филип Петровски во емисијата Во Центар.

Целата емисија можете да ја погледате овде: