Ниту еден политички субјект нема право да ја држи земјата во заложништво, како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ со Законот за Јавно обвинителство.
Сите демократски капацитети во државата и нашите стратешки меѓународни сојузници го поддржуваат законското решение за Јавното обвинителство кое обезбедува независност и професионалност на јавните обвинителства.
Законот за Јавно обвинителство е последната шанса на ВМРО-ДПМНЕ да покаже дали навистина е за ЕУ и за неселективно владеење на правото.
Таа последна шанса е утре, кога започнува јавната собраниска дебата за Законот кога ВМРО-ДПМНЕ има можност да покаже дека навистина се грижи за владеење на правото, за стручни, ефикасни и независни обвинители и за процесуирање на сите кривични дела поврзани со висока корупција.
Во спротивно, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како партија која е против правдата, против независно судство и на браникот на криминалците.
Колку тоа да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски политиката мора да остане надвор од изборот на обвинителите за да се остави простор за независно, стручно и објективно постапување. Тоа ќе го постигнеме само ако се донесе Законот за јавно обвинителство.