Од Универзитетската клиника за детски болести денеска информираа дека семејството Николовски го донирале најавениот апарат за мерење на концентрација на крвта.
“Каде постои љубов, постои и хуманост. Семејството Николовски, кои неодамна правеа свадба дел од сумата која ја добиле за подарок ја донираа за децата во болница. Тие на Клиниката за детски болести донираа современ апарат за мерење на концентрација на кислород во крвта кој е неопходен за дијагностика кај децата особено со белодробни заболувања.” – напишаа од Детска клиника на нивниот Фејсбук профил.
Андријана Николовска, сопругата на генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заблагодарувајки им се на сите кои беа гости на нивната свадбена веселба, пред неколку недели обзнани дека одлучиле дел од подароците да донираат на амбулантата за Детска клиника во Скопје.
“Од дното на срцето се заблагодаруваме на сите роднини и пријатели кои со своето присуство придонесоа да овој ден биде посебен и незаборавен.
Неизмерно сме благодарни и до сите кои беа дел од организацијата на нашата свадбена забава.
Заеднички направивме многу, многу повеќе од свадба, од големата сала полна со љубов и сплотеност, секој може да понесе уникатен момент. Од енергијата но и од мирот, од модерното но и од традицијата, од разноликоста но и од едноставноста. Настан во кој немаше поделба на гости и домакини туку сите бевме и едното и другото. Имаше македонци, словенци, албанци, турци, власи, роми, бошнаци, хрвати, срби, бугари…не имаше од секаде но поделби немаше. Сите бевме едно исто. Имаше само љубов и добрина.
И да. Затоа што гостите беа хумани и наместо цвеќе донираа за нечија насмевка, амбулантата на детската клиника во Скопје ке добие апарат пулсоксиметар што е клучен за респираторни инфекции и прв аларм за состојбата на децата и мери количество на 02 во крвта.
Нека ваквите мигови на љубов, поддршка, сплотеност и мир не пратат секој ден, а посебно да не заборавиме сега во овие моменти кога ни е најпотребно” – напиша тогаш, Николовска.