СДСМ како предводник на најбројната и најразноликата коалиција ја нуди најдобрата кадовска понуда и програма, истакна потпретседателот на партијата Фатмир Битиќи на трибината во Демир Капија. Тој кажа дека СДСМ четири години покажало како треба да се работи заедно со граѓаните.

-Го урнавме режимот и ја поставивме државата на правиот пат. Сега сме најбезбедна држава на Западен Балкан и имаме слобода. Слободата нема цена, повеќе не сме заробена држава, со режимска влада и заробени судови, обвинителства и институции. Денеска сме слободна земја, а резултатите се видливи во сите сектори. Ние сме пример за одговорно и домаќинско раководење со парите на граѓаните, кои не се трошат на барок, споменици и палми, туку вложуваме во градинки, училишта и социјални згради, порача Битиќи.

Тој кажа дека е јасна разликата во понудата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ нема што да прави во Демир Капија. Тоа се остатоци од режимот кои немаат што да понудат, заклучи потпретседателот на СДСМ.