Амбасадорката на Соединетите Американски Државни во Северна Македонија Кејт Мари Брнз го поддржа носењето на Законот за попис во Собранието. Во интервју за Гласот на Америка, таа оценува дека тоа е важен чекор напред, бидејќи во земјава населението и имотот не е попишан речиси 20 години, а оваа статистичка операција е клучна за креирањето на идните развојни политики.

-Пред сè, многу сум среќна што Законот за попис помина во Парламентот. Уште повеќе што помина со поддршка на два опозициски партнери, и владината коалиција. Ова е важен чекор. Северна Македонија немала попис речиси 20 години, а тоа се одрази врз процесот на водење на политиките, бидејќи точните податоци за населението се важен дел во планирање на иднината. Очекуваме дека Владата ќе осигури пописот да го направат професионалци, што ќе обезбеди информации кои ќе ѝ помогнат на државата во однос на иднината, изјави Брнз.

Според Законот, пописот во Северна Македонија ќе се спроведе од 1 до 21 април.

Од независноста на земјата до сега се спроведени два целосни пописа, еден делумен во 1991, а обидот за пребројување на населението кое го организираше владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година пропадна.