По првиот круг на претседателските избори, вмровските активисти својата “гордост” ја покажаа на дело со кинење на банери на политичките конкуренти и извикување на пцовки и закани пред домовите на локалното раководство на СДСМ.
Со ваквото хулиганско однесување, тие ги потсетија граѓаните на оваа општина дека во таа партија ништо се нема променето на подобро, напротив, со старите навики кои потсетуваат на режимското време кога неколку лица палеа и гасеа во градот.
Една ноќ беше доволна за да се потсетиме сите, како се живееше во времето на режимот.
Дали ке се врати истиот тој мрак, зависи од гласачите и од никој друг.
ЗАТОА, СИТЕ ОНИЕ ПОДДРЖУВАЧИ НА СДСМ, КОИ НЕ ИЗЛЕГОА ВО ПРВИОТ КРУГ, АКО ОСТАНАТ ПОВТОРНО ДОМА, САМИТЕ ЌЕ БИДАТ СОУЧЕСНИЦИ ВО ВРАЌАЊЕТО НА ТЕМНОТО МИНАТО И СТРАВОТ ПО УЛИЦИТЕ НИЗ ГРАДОТ.
ИСТОТО ВАЖИ И ЗА СИТЕ ОНИЕ ПОДДРЖУВАЧИ НА СДСМ, КОИ ЗАРАДИ ИНАЕТЕЊЕ ИЛИ СЛИЧНО, ГЛАСААТ ПОВТОРНО ЗА МАКСИМ И ЗНАМ КАКО ВО ПРВИОТ КРУГ, САМИТЕ ЌЕ БИДАТ СОУЧЕСНИЦИ ВО ПОВТОРНОТО ИНСТАЛИРАЊЕ НА НОВИ “ОГУТСКИ” ШЕРИФИ КОИ КЕ УНИШТУВААТ ЧОВЕЧКИ СУДБИНИ.
8-мај е денот кога сиот инает и несогласувања треба да се остават на страна и секој од нас трезвено да размисли, доколку го загубиме мирот, спокојот и нормалниот живот, џабе ни се лутењата за некои недозавршени лични работи и амбиции. Џабе ке ни биде се`кога децата после неколку години ќе не погледнат во очи и ќе ни кажат: зошто сте дозволиле повторно ваков режим кога на своја кожа сте го почуствувале првиот пат 2006-2017? Зошто сега ние да патиме заради вашиот инает?
Верувам дека огромен дел од гласачкото тело на СДСМ ќе ја разбере оваа порака, ќе се замисли и на крај со излегување на гласачките места и заокружување на бројот 1 ќе го направат најдобриот избор и ќе бидат горди социјалдемократи затоа што кога било најтешко тие застанале на вистинската страна.
Фејсбук статус