Кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата Гордана Силјановска-Давкова, како слоган но и во сите нејзини изјави, постојано го повторува зборот ПОВТОРНО.
Така, Силјановска потенцира дека според неа, на Македонија и требало ПОВТОРНО горд претседател.
Ако се знае дека последен претседател како кандидат од ВМРО-ДПМНЕ беше Ѓорѓе Иванов, оној славниот Иванов со безброј гафови, тогаш Силјановска ги остава во бунило сите оние кон кои ја праќа нејзината порака, дека на Македонија и треба ПОВТОРНО горд претседател. Штом и треба ПОВТОРНО, значи предходно, според неа имала горд претседател. И, сега логички се поставува прашањето, дали агенцијата која и ја изработувала медиумската кампања, уште од самиот старт, со слоганот, ја утнала работата?
Голем дел од јавноста кога ја слуша пораката од Силјановска, претпоставува дека се мисли на Ѓорѓе Иванов.
Ѓорѓи Иванов бил ГОРД ПРЕТСЕДАТЕЛ за Силјановска ??? ХАХАХА