Кој да и верува дека ќе биде претседател на сите граѓани кога е селективна при изборот на местата на кои ќе се обрати.
Дали тоа значи дека граѓаните на Вевчани, Македонски Брод, Босилово, Василево, Зрновци, Демир Капија, Теарце, Долнени, Јегуновце, Новаци и низа други места се небити и граѓани од втор ред?!
Од друга страна, многу прашина се крена за прашање поставено од публика за време на митинг на Пендаровски во Куманово.
Со оглед на фактот дека сакаме демократија, редно е да знаат дека Пендаровски не може да предвиди какво прашање може да му постави публиката, особено земајќи го предвид фактот дека прашањата не се нарачани како што е навикнато ВМРО-ДПМНЕ.
Впрочем, ги паметиме нарачаните пратенички прашања кога режимот беше на власт.
Ама, Пендаровски има достоинство и партијата го осуди говорот.
За разлика од ова, да ја прашаме Гога што сака да каже кога вели дека Стево не го памети, а ги памети сите добри студенти.
Дали сака да каже дека Стево бил лош студент и дали тоа е говор на љубов или говор на омраза и потсмев?!
Дали е говор на љубов и почит кога вели дека Ковачевски не случајно има прекар во женски род?!
Дали со тоа го омаловажува целиот женски род?
Па нели Мицкоски вели дека навреда кон дама, навреда кон жена е нешто кое не е дел од неговиот карактер.
Тоа не само што е всадено во нив, туку е во генот на партијата?
Дали Ковачки може да напише книга како женомрзец?
Благодариме, ама овој народ не сака режимска демократија.