Сите пензионери, независно од тоа колкава им е пензијата, денеска ќе може да си ги подигнат парите.

„Вчера беше прв работен ден. Налозите беа доставени во Трезор и денес се исплаќаат. Секој први во месецот се носат налозите за исплата. Први јануари беше неработен ден. Дел од банките исплатија порано. Денес ќе имат средства сите пензионери на нивните сметки“, изјави Јованка Тренчевска.