Нема веќе чекање по шалтери, граѓаните ќе можат да ги извадат потребните документи од судовите за неколку минути, нема повеќе недоставени пресуди и ќе се елиминираат изговорите за застареност за гонење.
Со оваа активност судот започна да ја применува регулативата на ЕУ, а ќе следи и опремување на стотици судници и воведување најсовремена информатичка технологија во сите 34 судови во земјата. Од денеска, по електронски пат ќе се вади потврда од казнена евиденција, а набрзо услугата за потврда за кривична евиденција ќе биде достапна и по електорнски пат. Новите услуги ќе бидат достапни на сајтот е-услуги односно https://uslugi.gov.mk/.
Дигитализацијата е еден од најголемите приоритети на мојот кабинет, како и дел од приоритетите на владата со „Акција 21“ и „Европа дома“. Со реализација на активностите предвидени со дигитализацијата, се создава и механизам за спречување на корупцијата, а ќе се подобри и начинот на кој граѓаните комуницираат со институциите.
ФБ статус на вицепремиерот Љупчо Николовски