Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег на планините, а од дожд на пониските места.

Попладне ќе дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места.
Во петок ќе дува засилен северен ветер, времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. За време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи стабилно време, а температурите од понеделник ќе бидат во пораст.