Како спортист и дел од комисија за спорт како и останатите членови сметам дека можеме многу да направиме , токму затоа што ние лично сме се соочувале со потребите и недостатоците во спортот во нашата држава, истакна Дрита Ислами – член на комисијата за спорт на трибината на СДСМ – „Агенда спорт 20-24“С.Ц. Борис Трајковски, во Скопје.
Атлетиката е важен, но малку монотон спорт, но сепак мора да најдеме начин да ги поттикнуваме децата да се занимаваат со спорт поконкретно со атлетиката бидејќи тоа денес е достапно. Постојат детски спортски програми специјализирани за деца, кои преку игра ги мотивираат и анимираат децата да им биде интересно и да го засакаат спортот, истакна Дрита Ислами.
Мотивацијата на сениорите и тренерите се многу важни за да можат тие да мотивираат многу други идни генерации. Исто така од големо значење е вложувањето во спортската инфраструктура, а она кое што е за поздрав е атлетска патека во спортска сала нешто што е дел од програмата за следните 4 години, посочи Исмаили.