На фејсбук се споделува фотографија на која може да се види насмеан потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во Изборна единица 4, Алекдандар Николовски, во друштво со Зоки Кичеец, обвинет во случајот “Рекет”.

Двајцата пријатели се фотографирани најверојатно во некој ресторан (во позадина се гледаат шишиња со вино).

Со оглед на тоа што се виде од објавените снимки од куќата на Камчев, кога фамозната чанта Луј Витон ја изнесува токму Кичеец, можеби Александар Николовски, поради близината со обвинетиот, знае каде се парите заедно со чантата?!