Мерките засега се добри и не се планирани дополнителни мерки, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

Во изјава за медиумите тој денеска рече дека поголеми собири има и овие денови и дека специјално за Нова Година не се предвидуваат дополнителни мерки.

„Сегашните рестриктивни мерки во пресрет на Новогодишните празници сметам дека се доволно со оглед на тоа што такви собири на јавни места има насекаде. Ќе се достигне кулминација за време на Новогодишните празници, а сега е прилично мирна состојбата. Не гледам зошто, специфично само за Новогодишните празници, би правеле некаква рестрикција“, посочи Филипче.