Уште незапочната изборната кампања а кандидатите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, желни за власт, започнаа со своите лаги.
Носителот во Изборната единица 3, Игор Јанушев, денеска од Крива Паланка даде изјава во која најпрвин сакаше да го сврти вниманието на јавноста и вчерашната посета на претседателот и генералниот секретар на СДСМ Заев и Николовски ја претстави како фијаско и неуспех.
Зошто? Затоа што експресниот пат според него бил во застој.
Јанушев свесно го премолче фактот дека Заев и Николовски вчера беа на увид не на експресниот пат (кој се гради по предвидената динамика) туку на завршната фаза од реконструкција на патот Ранковце-Крива Паланка, проект вреден 2,6 милиони евра.
Јанушев, понатаму, продолжи со истите ветувања, кои пред секои избори како од грамофонска плоча ги “верглаше” неговиот екс претседател, Груевски, за железничката пруга.
Игор Јанушев, кога следен пат ќе дојде во Крива Паланка да се расфрла со разно-разни ветувања, треба првин да се извини на граѓаните од овој регион, за лажните ветувања од ВМРО-ДПМНЕ за зоната во Ранковце за која на митинг во Крива Паланка ги убедуваа гласачите дека ќе се вработеле 5.600 граѓани. Најголема лага од било која политичка партија во државата.
Јанушев, Андоноски и останатите треба да знаат дека граѓаните не се со слабо паметење, туку точно знаат што им беше ветувано во предходниот период од нив само за да се задржат на власт.
И Јанушев и Андоноски, додека не се извинат и признаат за сите грешки од минатото нема што да бараат од граѓаните.
Тие, доколку веруваа во некаков добар резултат во Крива Паланка, немаше својот кандидат да го постават на сигурно недобитно 14-то место. Место кое само ја пополнува листата и служи како декор. Со тој потег, индиректно, праќаат порака дека Крива Паланка ја имаат отпишано.