Со 64 гласа „За“ од присутни 104 пратеници, Јован Митревски беше избран за нов претседател на Собранието.

Одлуката беше поздравена со гласен аплауз од собраниските избраници.

Митревски пред пратениците даде свечена изјава а подоцна ја презеде и новата собраниска функција.

Во својот говор тој му се заблагодари на досегашниот собраниски спикер Талат Џафери за обезбедување на како што рече, функционално собрание во тешки прилики.

„Изборот на функцијата е уште поголема и со посилен интензитет ќе продолжам да работам во интерес на граѓаните и на државата. Останувам отворен за соработка со сите пратенички групи се додека гледам, мислам и чуствувам дека тоа што се прави од спротивната страна е во интерес на граѓаните и на државата“, порача Митревски.