Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа направени се 1.876 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 99
• Велес и Кочани – по 14
• Кавадарци – 12
• Штип – 11
• Свети Николе – 8
• Куманово – 6
• Охрид – 5
• Струмица – 4
• Прилеп, Виница и Пробиштип – по 2
• Гостивар, Гевгелија, Радовиш, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 5 починати лица од Скопје (53г, 75г, 79г, 79г, и 79г), по едно починато лице од Куманово (73г), Кочани (90г), Велес (83г), Прилеп (70г), Свети Николе (63г), Охрид (78г) и Крива Паланка (79г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 29.09.2021 до 03.10.2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Струмица и Гевгелија, на возраст од 69 до 86 години. Од пријавените лица еден е починат во болнички услови а 2 лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 523 оздравени пациенти од:
• Скопје – 153
• Охрид – 98
• Струга – 73
• Куманово – 28
• Кочани – 19
• Велес и Штип – по 18
• Тетово – 17
• Кичево – 14
• Кавадарци – 13
• Битола – 12
• Струмица – 10
• Свети Николе – 7
• Прилеп, Гостивар и Крива Паланка – по 5
• Пробиштип, Берово и Валандово – по 4
• Виница, Гевгелија, Радовиш и Кратово – по 3
• Неготино, Ресен, Дебар и Делчево – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.301.702 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.654 бројката на оздравени пациенти е 174.148, на починати е 6.719, а бројот на активни случаи изнесува 11.787.