Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 867 тестови, а регистрирани се 252 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 127, Кавадарци – 14, Куманово, Битола и Охрид – по 12, Велес – 10, Прилеп – 8, Тетово – 7, Гостивар и Кичево – по 5, Штип, Кочани и Демир Хисар – по 4, Струга, Гевгелија, Делчево и Виница – по 3, Струмица, Неготино, Ресен, Свети Николе, Крива Паланка и Богданци – по 2, Пробиштип, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (252), регистрирани се 59 реинфекции.

Регистрирани сe 426 оздравени пациенти од: Скопје – 202, Охрид – 25, Битола – 24, Куманово – 18, Кавадарци – 15, Велес – 14, Штип и Кочани – по 13, Прилеп – 12, Гевгелија и Струмица – по 11, Струга – 10, Тетово, Гостивар и Крива Паланка – по 8, Кратово – 5, Кичево и Неготино – по 4, Делчево, Виница, Ресен и Берово – по 3, Радовиш, Дебар и Пехчево – по 2, Свети Николе, Крушево и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 5 починати лица, од Скопје (2), Прилеп (2) и Охрид (1). Починатите лица се на возраст од 59 до 90 години. Сите лица се починати во болнички услови. Починати се во период од 18.08. до 24.08.2022 година.