Сите земјоделци кои аплицирале и исполниле услови за добивање на финансиска поддршка за органско производство, за индивидуални земјоделци, кои ги зголемиле бројот на грла или задржале женско јаре и јагне исплатени им се средствата, соопшти Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„-На вкупно 778 лица кои произведуваат органски производи исплатени им се 113 милиони денари.
-На сметките на 1,793 субјекти кои аплицираат како индивидуални земјоделци, исплатени им се 52 милиони денари.
-На 7.674 фармери кои ги зголемиле стадата исплатени им се близу 39 милиони денари.
-Над 1,4 милиони денари се исплатени за сите кои задржале женско јагне а 156 илјади денари се исплатени за сите кои имаат задржано женско јаре а такви се 32 фармери“, стои во соопштението на МЗШВ.