ljupcho nikolovski
ljupcho nikolovski

Среќен 29 роденден СДСМ!

Да се биде дел од СДСМ значи да се биде дел од големо семејство посветено на макотрпна работа за државата и граѓаните.

Сето она што СДСМ го постигна во изминатите 29 години е влог во подобра иднина за нашата и за генерациите што доаѓаат по нас.

Почнувајќи од референдумот за независноста и приемот во ООН, па се до членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ!

Затоа денес, со право можеме да се наречеме државничка и државотворна партија и тоа никој не може да го оспори.

Но нема да застанеме тука, продолжуваме уште поодговорно, уште попосветено да работиме за граѓаните и државата. Пред нас се нови победи и нови успеси!

Заедно со граѓаните ќе се избориме со предизвикот којшто е пред нашата земја, ќе го победиме и невидливиот непријател.

На сите членови, симпатизери и поддржувачи на СДСМ им го честитам роденденот на државотворната партија.

Нека ни е честит 29 роденден на СДСМ!

ФБ статус на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ